БРОЈКАТА НА ЗАРАЗЕНИ ОД ВИРОЗА ПАДНА НА ШЕСТ

Адеми, Николов, Спировски, Ристовски...го пропуштија тренингот

Аријан Адеми, Бобан Николов, Стефан Спировски, Кристијан Тошевски, Мите Цикарски и Стефан Ристовски се фудбалерите кои и натаму се надвор од тренерот, тие не се појавија на последниот тренинг на репрезентацијата пред утрешниот меч со Лихтенштајн во рамките на 3. коло во Лигата на нации. Лекарскиот тим ја следи нивната ситуација и во моментов се прават напори за да се подобри нивната здравствена состојба. До утре нема да биде познато со кој состав Македонија ќе настапи на Арената „Филип втори“. 

објавено: 12 октомври 2018 - 17:53

Најново во Фудбал