Селекторот игор ангеловски со ИНТЕРЕСНА порака

Ако некој не е, има некои кои се среќни што те имаат!!!

Предводникот на националниот тим на Македонија, посебно го пофали Александар Трајковски и порача нешто што треба да го слушнат во Италија, далеку до Палермо 

објавено: 9 октомври 2017 - 08:50

Александар Трајковски донесе многу радости во петокот, кога погоди за 1:1 на гостувањето на Македонија кај фаворизираната Италија. Трајковски влезе како резерва и успеа да го совлада легендарниот Џанлуиџи Буфон, за голема радост на „црвено-жолтите“ во Торино. 

Непосредно пред репрезентативните обврски на Tрајковски, од неговиот клуб Палермо, дојдоа „отровни стрели“ кон него. Претседателот на клубот, Маурицио Ѕамперини се пожали дека не е задоволен од игрите што ги прикажува нашиот репрезентативец. 

„Засега не видовме ништо од него. Очекувам подобри изданија. Сакам повторно да го видам ентузијазмот, квалитетот и борбеноста на 'стариот' Трајковски“, рече пред неколку дена првиот човек на Палермо, Ѕамперини.

Сепак, Трајковски на најдобар можен начин ова го демантираше, постигнувајќи гол во дуелот со најдобрите италијански фудбалери. Потоа, од таборот на Палермо веднаш стигнаа честитки за погодокот на Трајковски. Со поддршка за нашиот напаѓач е и селекторот Игор Ангеловски.

Синоќа, популарниот Мрме на социјалните мрежи истакна една интересна порака, која е за поддршка на Трајковски. „Ако некој не е, има некои кои се среќни што те имаат!!!“ напиша Ангеловски, постирајќи слика како го гушка Трајковски. 

Оваа порака од селекторот на Македонија сигурно ќе стигнат и до челните луѓе во Палермо, а Ѕамперини секако е свесен дека Трајковски е квалитетен играч кој им е и тоа како потребен. 

Најново во Фудбал