ИДНИНАТА Е ВО СИГУРНИ РАЦЕ

Алиоски во серија како ниту еден наш „бомбардер“ досега

Македонскиот фудбалер, Езџан Алиоски на три официјални натпревари по ред се запиша во листата на стрелци. 

објавено: 16 октомври 2018 - 17:00

Иднината на фудбалска Македонија е во сигурни раце. Младите фудбалери кои добија шанса од селекторот, Игор Ангеловски не само што одлично се вклопија во тимот, тие полека прераснуваат во носители на играта. 

Еден од нив е Езџан Алиоски. 26-годишниот фудбалер на Лидс е во серија како ниту еден наш „бомбардер“, барем кога станува збор за официјалните натпревари. Алиоски на сите три последни средби успеа да се запише во листата на стрелци.

Серијата ја почна на гостувањето кај Гибралтар, а потоа ја продолжи на двата домашните дуели во рамките на Лигата на нации против Ерменија и Лихтенштајн. Тој денеска ќе има шанса да го подобри овој рекорд, да дојде до „покер“ голови во серија. Алисоки до дуелот со Ерменија има 23 настапи во дресот на нашата најдобра репрезентација и има постигнато четири гола, од кои три во последните три меча. 

Единствен фудбалер кој успеал да има слична серија е капитенот Горан Пандев, но на три пријателски натпревари.

Македонија денеска (18 часот) ќе има шанса да го осигура првото место на табелата и да добие полесен противник во плеј-офот.

Најново во Фудбал