И ПОКРАЈ ПРОБЛЕМОТ СО ВИРОЗАТА, ПОБЕДАТА Е ЕДИНСТВЕНА ОПЦИЈА

Ангеловски: Будно ја следиме состојбата на фудбалерите, дел од нив се чувствуваат подобро

Ден пред утрешниот меч од Лигата на нации против Лихтенштајн, селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски се соочи со голем проблем, осум фудбалери поради вироза се надвор од теренот. 

објавено: 12 октомври 2018 - 17:24

Ден пред утрешниот меч од Лигата на нации против Лихтенштајн, селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски се соочува со голем проблем, осум фудбалери поради вироза се надвор од тренажен процес. Ѓоко Зајков, Аријан Адеми, Стефан Ристовски, Давид Митов Нилсон,  Стефан Спировски, Мите Цикарски, Ферхан Хасани и Бобан Николов од утринските часови почнале да се жалат на стомачни мачнини.

„Информација за вирусот е точна. Фудбалерите веднаш беа испратени на испитување, станува збор за вирус. Нинвата ситуација се следи од час по вач, се чувствуваат подобро и ќе видиме кој од нив ќе биде подготвен да помогне“, вели Ангеловски.

Што се однесува до дуелот со Лихтенштај само победа во мислите на репрезентативците. Нема да се калкулира со составот.

„Очекувам максимално издание на нашите фудбалери, да ги исполнат сите задачи кои ќе им бидат дадени, само така можеме да дојдеме до посакуваниот резултат. Никогаш во мојата кариера не мислам не мечот потоа, туку единствено на претстојниот меч. Максимално сме фокусирани на Лихтенштајн и нема да калкулираме со составот. Ги имаме сите потребни информации за противникот. Бевме со иста група со овој противник и претходно, но секој меч е различен. Лихтенштајн има нови имиња во составот, но ни сме подготвени да дојдеме до победа. TРезултатите од претхдно се само едно големо минато, мора да бидеме на највиско ниво“, изјави селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски. 

Најново во Фудбал