ПО ОБЈАВУВАЊЕТО НА СПИСОКОТ

АНГЕЛОВСКИ: Да го завериме првото место во групата

„Сметам дека сме фаворити на двата меча со Лихтенштајн и Гибралтар, треба да победиме и да го завериме првото место нашата група" истакна селекторот Игор Ангеловски

објавено: 8 ноември 2018 - 12:31

Откако беше објавен списокот на 21 фудбалери на кои ќе смета на последните два меча во Лигата на Нации во нашата група, селекторот Игор Ангеловски одговараше и на новинарски прашања.

За тоа што може да се очекува од натпреварите со Лихтенштајн и Гибралтар, тој истакна...

„На тие два последни меча во групата јасно е дека сме фаворити, треба да победиме на гости кај Лихтенштајн и дома со Гибралтар, и со тоа да го завериме првото место".

ВЕЛКОСКИ ГО ЗАСЛУЖИ ПОВИКОТ

За самиот список, на кој нема поголеми промени, единствено само тоа што ги врати Крсте Велкоски и Дени Илиев, Ангеловски потенцираше.

„99 отсто се играчи кои подолг период се во репрезентацијата и се добро познати. Ново име е Крсте Велковски, кој игра добро во Сараево и затоа доби шанса. Посебно ќе биде потребен за првиот меч на кој ќе ги немаме суспендираните Алиоски и Елмас".

Тој не заборави да каже збор - два и за последниот меч со Ерменија на кој високо бевме поразени.

„Против Ерменија имавме лош ден, но повторно се зависи од нас. Атмосферата во репрезентацијата три години е фантастична и не може да се разниша од еден пораз како тој од Ерменија" - рече покрај другото Игор Ангеловски.

Најново во Фудбал