Тотална дефанзива на гостите

Ангеловски го прочита Панучи, Албанците не шутнаа на гол

На Албанија не и оди добро во Струмица против Македонија и гостите по 45 минути речиси и да не ја видоа нашата половина, а немаат ниту еден директен удар кон голот на Столе Димитриевски

објавено: 5 септември 2017 - 21:48

На Албанија не и оди добро во Струмица против Македонија и гостите по 45 минути речиси и да не ја видоа нашата половина, а немаат ниту еден директен удар кон голот на Столе Димитриевски.

Армандо Садику не се виде на теренот во првите 45 минути, а никаде ги немаше и останатите офанзивци Хика, Роши и Љуљаку.

Игор Ангеловски одлично го прочита легендарниот Кристијан Панучи и засега ја добива битката на клупата, а ни недостасува само гол(ови) за да ја крунисаме подобрата игра по првото полувреме.

Најново во Фудбал