ПОЗНАТИ ИГРАЧИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ДВА РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ МЕЧА

Ангеловски не менува ништо посебно во составот

Повик во националниот тим доби првиот голгетер во Хрватска, Музафер Ејупи 

објавено: 13 март 2017 - 11:59

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, го објави списокот на играчи за претстојните два меча.

Македонија на 24 март гостува кај Лихтенштајн во квалификациите за Светското првенство во Русија следната година, додека четири дена подоцна на пријателска средба, во Скопје ќе ја пречекаме Белорусија.

Од последниот список на Ангеловски, овојпат ги нема офанзивците Кире Марковски, кој не е доволно закрепнат и Езџан Алијоски кој треба да одлежи еден меч поради суспензијата од два жолти картони. Алијоски сепак ќе биде во составот за мечот против Белорусија, кој е од пријателски карактер.

Благодарение на одличните игри во дресот на Осиек, повик доби Музафер Ејупи, кој со 12 погодоци е прв стрелец во хрватското првенство.   

Најново во Фудбал