ПРЕД СТАРТОТ НА ЛИГАТА НА НАЦИИТЕ ОД УЕФА

Ангеловски „среќен“ од формата на репрезентативците

Адеми не е повреден, а Велковски и Зајков тренираат со своите тимови и ќе се борат за место во стартните постави, додека пак Елмас, Николов, Алиоски, Ристевски... се со максимална минутажа на мечевите кои ги играат

објавено: 9 август 2018 - 17:30

Покрај квалификациските кола кои се играат од меѓународните фудбалски клупски натпреварувања Лигата на шампионите и Лига Европа, почнуваат и обврските во повеќето национални првенства. Сето тоа будно го следи македонскиот фудбалски селктор Игор Ангеловски – Мрме кој треба да одбере тим за премиерниот настап во новото натпреварување на УЕФА - Лигата на нациите. Формата на македонските репрезентативни кандидати го прави ќефлија селекторот Ангеловски.

АДЕМИ НЕ Е ПОВРЕДЕН

Капитенот на повеќекратниот хрватски првак Динамо Загреб, Аријан Адеми игра се позапазена улога во дресот на „модрите". Динамо ја продолжува низата без пораз во европските квалификации и стаса до 23. меч без пораз. На гостувањето кај Астана во првиот натпревар од 3. квалификациско коло победи (2-0)и е блиску до пелј-офот за пласман во групната фаза од ЛШ. Адеми на овој меч го напушти теренот на почетокот од вториот дел поради повреда.
-Не е ништо сериозно. Станува збор за грч кој нема да го оддалечи од екипата. Кога сме кај повредите добри вести имаме и за Дарко Велковски од Риека кој имаше истегнување на задната ложа, но веќе ја санирал повредата и работи со првиот тим, а Ѓоко Зајков по хирушката интервенција на препоните почна со тренинзи со тимот на Шарлроа. Се надевам дека ќе се наметнат за да почнат да добиваат и минутажа – оптимист е македонскиот селектор Ангеловски.
РАДЕСКИ И ХАСАНИ НЕМА ДА БИДАТ ВО ИГРА
Поради повреда здобиена на настапите за Шкендија во квалификациите од Лига Европа, по што имаше и хирушка интервенција на коленото, Марјан Радевски нема подолг период да биде на теренот. Покрај него од стандардните репрезентативци кои изминатата година го облекуваа државниот дрес нема да биде во игра и Ферхан Хасани кој по заминувањето од Шкендија сеуште нема пронајдено тим.
Но, затоа пак Ангеловски следи се повеќе кандидати кои играат стандардно за своите тимови и се во добра форма. Елиф Елмас и Бобан Николов одигра по 90 минути за Фенербахче односно Видеотон во квалифиакциите за ЛШ, во мечевите од Лига Европа со погодоци се наметнува искусниот Иван Тричковски (АЕК Ларнака), Висар Муслиу добро оди со Шкендија. Задоволителни се настапите на Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон), Езџијан Алиоски (Лидс), Илија Несторвски и Александар Трајковски (Палермо), искусниот капитен Горан Пандев (Џенова)...

СПИСОКОТ ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕН НА КРАЈОТ ОД МЕСЕЦОВ
Списокот со репрезентативните кандидати Ангеловски ќе го објави кон крајот на месецов. Преку ова ново репрезентативно натпреварување на УЕФА кое ќе стартува на почетокот од септември, Македонија добива шанса по полесниот пат да се избори за историски прв настап на завршница од ЕП-2020 година. Ќе игра во најслабата „Д" Лига, во групата 4 со селекциите на Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар. Првопласираната селекција од групата ја продолжува битката за на завршницата.

 

Најново во Фудбал