СЕЛЕКТОРОТ Е ОПТИМИСТ

Ангеловски: Време е да победиме на гости

Лихтенштајн е вистински противник за да се прекине лошата традиција

објавено: 20 март 2017 - 10:55

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски полн со оптимизам ги започнува мини подготовките за дуелот против Лихтенштајн, во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија, следната година. 

Иако Македонија ќе гостува, конечно се очекува освојување на три бода во квалификациите. 

„Ќе бидеме со ист пристап и ќе одиме на победа, но формацијата ќе биде поинаква. Мислам дека имаме добри играчи, за да го постигнеме посакуваното, а тоа е да стигнеме до победа. Тоа што долго време немаме победа на гости во квалификациите создава одреден притисок, но се надевам дека ќе биде мотив плус да ја срушиме таа традиција“, рече селекторот Ангеловски на денешниот брифинг. 

Денеска во 15 часот е првата прозивка на националниот тим на тренинг-центарот „Петар Милошевски“. Двајцата играчи од Палермо, Илија Несторовски и Александар Трајковски треба да слетаат во 13:15 часот. Селекторот чека дозвола за настап и на Стефан Спировски.  

Најново во Фудбал