Без проблеми за фаворитот

Австрија е кандидат за младинското ЕП - Ерменија декласирана со 5:0

Австрија се рехабилитираше по поразот од Русија и со победа од 5:0 над Ерменија истакна кандидатура за пласман на младинското ЕП во Италија и Сан Марино

објавено: 10 октомври 2017 - 17:57

Австрија се рехабилитираше по поразот од Русија и со победа од 5:0 над Ерменија истакна кандидатура за пласман на младинското ЕП во Италија и Сан Марино.

Во меч од нашата квалификациска група Австријците ги декласираа домаќините, а петардата пукна во второто полувреме. Ја најави Квасина во 49. минута, потоа Шлагер постигна два гола по ред, па прецизен беше и Јакуповиќ, а печат на убедливата победа стави Квасина со уште еден погодок.

Австрија по три кола има 6 бода, а ќе ни биде следен противник на 14. октомври на домашен терен.

Најново во Фудбал