ПЕТТИ ПОРАЗ ВО НИЗА ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДО 21

Австрија ги бутна надежите во црна серија

Македонската репрезентација до 21 година го забележа и петтиот пораз во низа во квалификации за Европското првенство 2019 година, откако одново го загуби дуелот со Австрија, овој пат со 2-0. Ристо Јанков не спаси од нова хаварија. 

објавено: 27 март 2018 - 19:52

Македонската репрезентација до 21 година го забележа и петтиот пораз во низа во квалификации за Европското првенство 2019 година, откако одново го загуби дуелот со Австрија, овој пат со 2-0. Избраниците на селекторот, Благоја Милевски, кој на овој меч не беше на клупата на нашиот тим беа безопасни, во рамките на голот на противникот упативме само еден удар, а посериозно не се заканивме ниту еднаш. 

Мечот можевме да го загубиме многу поубедливо, но благодарение на голманот Ристо Јанков на крајот Австрија не совлада само со 2-0. Стрелец на двата гола беше Хоншак, во 65. минута и во 73. минута.

Македонија е на последното место на табелата во групата 7 со скор од една победа (на стартот против Еремнија) и пет порази. 

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП - ГРУПА 7
Австрија - Македонија 2:0
Гибралтар - Русија 20:00 часот
ТАБЕЛА:
1. Србија 6 6 0 0 19:3 18
2. Русија 6 4 1 1 12:7 13
3. Австрија 6 4 0 2 15:4 12
4. Ерменија 7 2 1 4 5:11 7
5. Гибралтар 7 1 0 6 1:20 3
6. Македонија 6 1 0 5 6:13

 

Најново во Фудбал