Не сме фаворити

Австрија има предност на хартија, на терен Македонија оди на победа

Младата македонска репрезентација за играчи до 21 година денеска од 13 часот го игра четвртиот меч во квалификациите за настап на Европското првенство во Италија и Сан Марино за две години. Победа не враќа во игра, се останато сериозно не оддалечува од втор настап по ред на континенталните шампионати

објавено: 14 ноември 2017 - 11:19

Младата македонска репрезентација за играчи до 21 година денеска од 13 часот го игра четвртиот меч во квалификациите за настап на Европското првенство во Италија и Сан Марино за две години. Победа не враќа во игра, се останато сериозно не оддалечува од втор настап по ред на континенталните шампионати.

„Австрија е сериозен ривал, иако ни доаѓаат по поразот од Србија. Одиграа добро, агресивно, борбено и очекувам тежок меч. Секогаш велам дека се зависи од нас, како ние ќе одиграме. Има уште доста да се игра до крајот на квалификациите, но ни треба добар резултат за враќање на самодовербата“, вели селекторот Благоја Милевски.

Австрија има 6 бодови од 4 натпревари и ако ја победиме ќе ја стасаме, и тоа со меч помалку, а патем ќе побегнеме од последното место во седмата група. Според обложувалниците гостите се фаворити.

Мечот се игра на „Филип Втори“ арената од 13 часот.

Најново во Фудбал