Деморализирани и со многу проблеми ни доаѓаат на гости

Австрија нема Шлагер за Македонија

Репрезентацијата на Австрија ќе допатува во Скопје значително ослабена без петмина репрезентативци, а патем гостите се деморализирани по поразот од младата селекција на Србија, што ќе биде предност за македонските репрезентативци на возраст до 21 година

објавено: 12 ноември 2017 - 17:50

Репрезентацијата на Австрија ќе допатува во Скопје значително ослабена без петмина репрезентативци, а патем гостите се деморализирани по поразот од младата селекција на Србија, што ќе биде предност за македонските репрезентативци на возраст до 21 година.

За мечот задутре ка Австријците ќе го нема дуото Шлагер, голманот Александер и офанзивниот играч за врска Ксавер, потоа и Доминик Прокоп, Ханс Волф и Стефан Пош.

Селекторот на гостите Вернер Грегорич веќе повика две замени, голманот на Штурм, Тобијас Шуценауер и Романо Шмит од Лиферинг. 

На Австријците најмногу ќе им недостасува Ксавер Шлагер, одличен играч од средниот ред, кој го паметиме од ланските дуели меѓу младинците на Вардар и Салцбург во Лигата на шамппионите. Тој постигна еден гол на првиот меч во Австрија во победата од 5:0, а потоа беше еден од главните креатори на чудото што го приреди Салцбург со освојување на пехарот во најквалитетното клупско натпреварување во Европа за фудбалери до 19 години, во младинската Лига на шампиони.

Македонија мора да оди на победа против Австријците, ако сака да ги задржи шансите за евентуален пласман на ЕП во Италија за две години. Мечот ќе се игра на „Филип Втори“ арената во вторник од 13 часот.

Најново во Фудбал