Не декласираа

Австриска симфонија за молк на „Филип Втори“, Македонија губи со 0:3

Австрија игра одличен фудбал и заслужено води со убедливи 3:0 по првото полувреме во квалификацискиот меч за играчи до 21 година против Македонија

 

објавено: 14 ноември 2017 - 13:45

Австрија игра одличен фудбал и заслужено води со убедливи 3:0 по првото полувреме во квалификацискиот меч за играчи до 21 година против Македонија.

Вистинска фудбалска симфонија изведоа гостите на „Филип Втори“ и по само 45 минути го решија мечот.

Арнел Јакуповиќ со топовски удар од далечина ја симна пајажината на нашиот гол во 11. минута, откако само неколку минути претходно Чешмеџиев од слободен удар немаше среќа да и донесе предност на Македонија. Како да ни влезе страв во коски, па немавме противигра за разиграните младинци на Австрија кои си ги користеа шансите.

Матијас Хонсак во 26. минута погоди за 2:0, а десет минути подоцна веќе беше и 3:0 за Австрија по погодокот на Конрад Ламер. Македонија има мини-низа од два порази, а се наѕира и третиот по ред.

Најново во Фудбал