ИГРАЧОТ НА ЛЕВАНТЕ ПРЕД МЕЧЕВИТЕ СО ФИНСКА И АЗЕРБЕЈЏАН

БАРДИ: Целта е заедничка, Македонија да оди напред!

Македонската А репрезентација ги започнува подготовките за двата контролни натпревари против Финска и Азербејџан кои ќе се одиграат во турска Анталија.

објавено: 19 март 2018 - 15:20

Нашиот најдобар национален тим денеска ќе се комплетира по пристигнувањето на капитенот Горан Пандев (Џенова), потоа Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон), Езџан Алиоски (Лидс Јунајтед) и голманот Столе Димитриоски (Тарагона). Првиот тренинг селекторот Игор Ангеловски и репрезентативците ќе го имаат во 16:00 часот по македонско време во „Глорија" спортскиот центар во Белек.

А макеоднскиот интернационалец од шпански Леванте, Енис Барди вели дека овие натпревари се многу важни како подготовка за главниот предизвик сезонава, Лига на Нации.

„Чест ми е што сум дел од оваа репрезентација, дел од овие момци, навистина е убаво чувството да се биде дел од сите нив, заедно со големи фудбалери како Пандев, Несторовски, Адеми или Трајковски. Првичните впечатоци се одлични, но ние сме тука да се подготвиме за нашата најважна работа оваа година, а тоа се натпреварите кои можат да ни донесат пласман на Европско првенство. Мораме да бидеме на високо ниво, ни следуваат два контролни натпревари, но за нас не се обични пријателски дуели, туку начин да што подобро да се подготвиме и тактички и технички за битните натпреаври кои ни следуваат. Ќе дадеме се од себе оваа репрезентација да напредува. Ние сме многу добра репрезентација, треба да се подготвиме и психолошки за предизвикот кој го носи Лигата на нации, а овие натпревари против Финска и Азербејџан ќе ни послужат да го подобриме и тој момент,“ - вели Барди.

Нашата најдобра селекција натпреварот против Финска ќе го одигра на „Глорија" арена во 17:00 часот по македонско време, додека пресметката против Азербејџан четири дена подоцна ќе се одигра на „Мардан" арена исто така во 17:00 часот.

Најново во Фудбал