ФУДБАЛЕРОТ НА ЛЕВАНТЕ ИМАШЕ НЕВЕРОЈАТНИ 12 МЕСЕЦИ

Барди: Не можам ни да добројам се што ми се случи годинава

За Енис Барди 2017 година дефинитивно долго време ќе остане во сеќавањата. Македонскиот репрезентативец го исполни големиот сон од Шкупи стигна до Леванте, со младинците беше дел од Европското првенство, а во Ла Лига пленеше со своите „бомби"...

објавено: 30 декември 2017 - 20:20

Оваа измината година ќе ми биде засекогаш врежана во мислите. Во оваа 2017 година кариерата ја одведов на едно сосема поинакво ниво, а следната сакам уште повеќе да напредувам, вели Енис Барди во интервју за за Македонски Спорт.

Македонскиот репрезентативец го исполни големиот сон од Шкупи стигна до Леванте, со младинците беше дел од Европското првенство, а во Ла Лига пленеше со своите „бомби"... Барди токму во Чари ги имаше првите свои фудбалски чекори, беше дел од Преспа Бирлик во Шведска, па Ујпешт во Унгарија, а сега е дел од светската фудбалска елита и и се спротивставува на вистинстата Барса. Онаа Барселона со Меси, со Суарес, со Иван Ракитиќ големите звезди на светскито фудбал.

„Секако дека ова е година која ќе ја помнам засекогаш. По добро, затоа што ми се случија нешта за кои како мал сонував да ми се случат. Голови, пласман на европско првенство, играње на самиот континантален самит, трансфер во Шпанија, па голови за Леванте, не можам ни да се добројам се што ми се случи годинава. Не сум ниту свесен што се постигнав на индивидуален, а заедно со моите соиграчи и на репрезентативен план. Секогаш може и мора подобро, но навистина оваа 2017 година за мене беше нешто посебно. Секако дека сум среќен и за наградата која ми е доделена, таа е само доказ дека навистина сум се потрудил и сум работел за да го достигнам максимумот во овој момент, а во исто време истата е само поттик за да и понатаму продолжам да одам по патот кој го имам зацртано", вели Барди.

Далеку е Чаир и мак фудбалот од онаму каде што е сега Енис Барди. Во Шпанија, со елитата на светскиот фудбал.

„До овде се стигнува со многу работа, многу откажувања од се, и многу желба за да успееш. Јас верував во себе, верував во своите можности, знаев дека сум способен, доволно талентиран и трудољубив за да постигнам нешто големо и ете, ја имав таа среќа сето тоа да ми се оствари. Знам дека од оваа гледна точка, е речиси незамисливо да се стигне од онаму каде што јас тргнав до Сантијаго Бернабе или пак Ноу Камп и да се игра против Реал Мадрид или Барселона, но ете мене ми успеа и сум секако среќен поради тоа. Не беше лесно да се изоди тој пат, но има уште многу пред мене. Сето ова што ми се случи ми покажа и мене но и на сите други дека постои начин како да се стигне до Македонија до светскиот фудбалски свет за кои сите мечтаевме како деца".

На прославата по повод доделувањето на наградите на фудбалската федерација на Македонија, Енис Барди беше централна фигура. Се што беше присатно таму имаше желба да се поздрави со нашиот најдобар фудбалер во странство во моментов, да се фотографира да го овековечи тој момент. Скромниот Барди, каков што одсекогаш бил и ќе биде, им ја оствари желбата на сите.

„Уф ама било тешко да си популарен" - искоментира Барди, додека се подготвуваше да ја направи фотосесијата за Македонски Спорт. На ова неговиот менаџер Георги Атила, кој специјално пристигна во Скопје само за наградите, му дофрли, „немој да се жалиш, така е во големиот фудбалски свет".

*Целото интервју може да го прочитате во новогодишното издание на единствениот спортски весник кај нас „Македонски спорт“.

Најново во Фудбал