ХЕНДИКЕП ЗА СТРУЧНИОТ ШТАБ НА „КОНТРОЛАТА“

Без Љума, но со Фазлагиќ

Денеска (15.часот), македонскиот национален тим до 19. години го игра пријателскиот меч против Полска на гостински терен.

објавено: 11 октомври 2018 - 12:30

Денеска македонскиот национален тим до 19. години го игра пријателскиот меч против Полска на гостински терен.

Според нашите информации нашиот национален тим ќе настапи без Енсар Љума, првотимецот на Шкендија, кој се повреди и нема да биде во можност да помогне.

Што се однесува до Енис Фазлагиќ и неговата повреда, офанзивецот на Жилина можеби и ќе може да помогне во текот на денешниот меч, но дефинитивно не во стартните единаесет.

Мечот се игра од 15:00 часот на стадион во близина на Варшава.

Најново во Фудбал