Исто е како и во минатиот циклус

Боби Милевски пак има проблеми и повторно мириса на успех - Никола Кулески откажа поради испити на факултет

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски повторно ги има истите проблеми од претходниот циклус, а сега против Србија нема да може да смета на стандардниот играч од средниот ред Никола Кулески. Играчот на Сиднеј има испити на факултет и нема да игра против Србија на шести октомври

објавено: 1 октомври 2017 - 12:43

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски повторно ги има истите проблеми од претходниот циклус, а сега против Србија нема да може да смета на стандардниот играч од средниот ред Никола Кулески. Играчот на австралискиот клуб  Сиднеј има испити на факултет и нема да игра против Србија на шести октомври. Кулески беше стартер со Ерменија на премиерниот меч од новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП во Италија и Сан Марино за две години и е една од главните алки во составот на Македонија за играчи до 21 година.

За играта на нашата репрезентација „шестката“ од Сиднеј е многу значајна, но и без него селекторот Милевски ќе мора да најде чаре за успех против Србија. Со слични проблеми Боби се соочуваше и во минатиот циклус, кога главните алки беа резерви во своите клубови, па со стручниот штаб успеа да приреди уникатен подвиг и да се пласира на Европското првенство во Полска. 

Во Бидгошч игравме со Србија во вториот меч од нашата група и ремизиравме 2:2, а во петок не чека нов меч во нов квалификациски циклус за настап на континентален шампионат. Ќе се игра од 15 часот на теренот на Фудбалската федерација на Македонија во населбата Аеродром.

 

Најново во Фудбал