Правилата се во наша корист, но има и нешто друго

Бодовите се бришат, пораз и срам со Гибралтар ќе ни остане

Ако и може да се помисли дека има нешто што нема да ни наштети по поразот од Гибралтар, тоа е правилото на ФИФА и на УЕФА според кое се бришат бодовите на последнопласираната селекција во групата за пласман на ЕП во Италија

објавено: 10 октомври 2017 - 20:35

Ако и може да се помисли дека има нешто што нема да ни наштети по поразот од Гибралтар, тоа е правилото на ФИФА и на УЕФА според кое се бришат бодовите на последнопласираната селекција во групата, за пласман на ЕП во Италија.

Денеска претрпевме срамен пораз од Гибралтар со 0:1 на гостински терен, 150 километри од територијата на оваа земја. На Алгарве стадионот во Фаро, Португалија. Пораз што ќе не пече, а за Гибралтар е историски прв во квалификации за играчи до 21 година.

Бодовите се бришат, но срамот и поразот од Гибралтар ќе ни остане. Како што се уште го паметиме дебаклот од Андора во октомври 2004 година. Прв и историски за земјата од Пиринеите, како што сега тоа го сторија и талентите од Гибралтар.

Селекцијата што денеска не порази речиси сигурно ќе биде последна во групата, но како играме тешко дека ќе ги видиме Италија и Сан Марино во 2019 година.

Најново во Фудбал