Објавен и списокот на Лихтенштајн

Бухел од Емполи е главна ѕвезда на Лихтенштајн

Рене Паурич, селекторот на Лиохтенштајн го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за квалификацискиот меч со Македонија на 24. март во Вадуз. Токму од овој тим има најмногу репрезентативци, ако не се смета аматерскиот тим на Балзерс. Главна ѕвезда им е Марсел Бухел од Емполи 

објавено: 15 март 2017 - 15:03

Рене Паурич, селекторот на Лихтенштајн го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за квалификацискиот меч со Македонија на 24. март во Вадуц. Токму од овој тим има најмногу репрезентативци, ако не се смета аматерскиот тим на Балзерс. Главна ѕвезда им е Марсел Бухел од Емполи, а интересно е што поголемиот дел од репрезентацијата доаѓа од аматерските тимови.

За наша среќа отсутен на 24. март ќе биде Сандро Вејзер, кој игра во англискиот второлигаш Рединг.

Еве го комплетниот список на селекцијата на Лихтенштај за мечот со Македонија:

ГОЛМАНИ: Бенџамин Бухел (Оксфорд Јунајтед - Англија), Петер Јеле (Вадуц), Клаудио Мајер (Балзерс).
ОДБРАНА: Паскал Фосер (Балзерс), Максмилијан Гепел (Вадуц), Јенс Хофер (Дудинген - Швајцарија), Андреас Малин (Дорнбирн - Австрија), Иван Куинтанс (Ешен), Мартин Рештајнер (Балзерс), Сејхан Јилдиз (Балзерс).
СРЕДЕН РЕД: Даниел Брандл (Ст. Андрјуз - Малта), Мартин Бухел (Унтерферинг, Германија), Франц Бургмајер (Вадуц), Николас Хаслер (Вадуц), Арон Селе (Балзерс), Матиас Селе (Ешен), Сандро Волфингер (Волфратсхаузен - Германија).
НАПАД: Марсел Бухел (Емполи - Италија), Јаник Фрик (Алтах, Австрија), Филип Ерне (Балзерс), Робин Губсер (Балзерс), Никлас Кибер (Балзерс), Денис Салановиќ (Раперсвил - Швајцарија).

Најново во Фудбал