Претседателот на УЕФА пак ќе дојде кај нас

Чеферин доаѓа на гости во Скопје, ФФМ ќе го пушти во употреба хотелот за младите селекции

Фудбалската Федерација на Македонија во четврток ќе го промовира и пушти во употреба хотелот за младинските селекции, а гостин ќе биде првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин

објавено: 12 февруари 2018 - 13:28

Фудбалската Федерација на Македонија во четврток ќе го промовира и пушти во употреба хотелот за младинските селекции, а гостин ќе биде првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин.

Два дена подоцна ќе се оддржи и редовното Собрание на ФФМ, па ова меѓу редови може да се толкува и како поддршка за Илчо Ѓорѓиоски, актуелниот прв човек на нашиот фудбал.

Новиот капитален објект на ФФМ има целосно опремени 30 двокреветни соби, апартмани за селекторите и стручните тимови, како и заеднички простории - сала за состаноци, училници и заедничка кујна и трпезарија.

Се споменува цифра од 500 илјади евра, која е вложена во изградба на новиот капацитет, финансиран преку проектите на УЕФА.

Најново во Фудбал