Порасна оптимизмот и амбициите, откако игравме во Полска

Чешмеџиев: И ние сакаме пласман на Европско првенство

Константин Чешмеџиев ќе биде дел од новата генерација млади фудбалери кои сакаат реприза на подвигот што го креираа нивните претходници, кои играа први на големо натпреварување, на Европското првенство во Полска. Сега почнува нов циклус, а Чешмеџиев вели дека „сега на нашата млада селекција ќе се гледа поинаку по настапот во Полска, но и дека целта е ново учество на континенталните собири, вече во 2019 година во Италија“

објавено: 28 август 2017 - 17:56

Константин Чешмеџиев ќе биде дел од новата генерација млади фудбалери кои сакаат реприза на подвигот што го креираа нивните претходници, кои играа први на големо натпреварување, на Европското првенство во Полска. Сега почнува нов циклус, а Чешмеџиев вели дека „сега на нашата млада селекција ќе се гледа поинаку по настапот во Полска, но и дека целта е ново учество на континенталните собири, вече во 2019 година во Италија".

Денеска почнаа подготовките за мечот со Ерменија, прв во новиот циклус квалификации за ЕП. Ќе гостуваме на петти септември, а желба на сите е стартот да биде победнички.

„Не чувствуваме притисок, ниту дополнителен товар по успехот на претходната генерација. напротив тоа ќе ни биде мотив плус и ние да се обидеме да приредиме подвиг. Сега со поинакви очи не гледа Европа, бидејќи докажавме дека имаме квалитетни фудбалери кои можат да играат рамноправно со сите. Многу е важен мечот во Ереван, пред се психолошки, а победа ќе ни значи многу. Секој почеток е тежок, но ние веруваме во нас и мислам дека можеме да победиме. Групата 7 е мошне тешка и само Гибралтар е апсолутен аутсајдер, но ќе играме со цел да се пласираме на шампионатот во Италија“, вели Чешмеџиев.

Првиот меч за нас во седмата квалификациска група ќе се игра на 5. септември од 17 часот во Еревеан.

Најново во Фудбал