Како што дознаваме четири фудбалери имаат проблем со стомачен вирус, што секако не е добар знак на нешто помалку од 48 часа пред средбата. Тие се Бобан Николов, Мите Цикарски, Ферхан Хасани и Стефан Спировски.
Од утринава се жалат на стомачни мачнини, а лекарскиот тим ги презема сите мерки да ги оспособи фудбалерите за извршување на сите активности.
Тоа е причината за одложувањето на денешните активности на А репрезентацијата на Македонија.