МАКЕДОНИЈА ДО 18 ГОД. ГУБЕШЕ, НО ИЗБЕГНА ПОРАЗ

Чурлинов донесе „реми“ на вториот тест со Бугарија

Бугарија имаше водство по првиот дел, но со двата гола во второто полувреме Македонија успеа да извади „реми“. Нашите млади надежи утнаа и пенал

објавено: 17 мај 2018 - 12:56

Возбудлив и неизвесен натпревар одиграа селекциите на Македонија и на Бугарија до 18 години денеска на тренинг комплексот „Петар Милошевски“. И покрај негативата во првиот дел, нашите играчи успеаја да стигнат до „реми“ на крајот од натпреварот. Згора на тоа промашивме и пенал. 

Бугарите дојдоа до 0:1 во 6. минута преку Буруков. Потоа и до 0:2 во 22. минута кога истиот играч реализираше. Во 57. минута досуден пенал за Македонија, но Колевски не е прецизен. Минута подоцна Манев реализира и намалува. Се играше 90. минута кога Чурлинов погоди и донесе нерешен резултат. 

Ова беше втор пријателски меч на овие две селекции. Првиот заврши со триумф на Македонија  со 3:0. 

Најново во Фудбал