Договорени три тест натпревари пред пат во Полска

Црна Гора, Бугарија и Грузија како загревање за младите пред настапот на ЕП

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ќе одигра два контролни натпревари на домашен терен во март, а противници ќе ни бидат Црна Гора и Бугарија. Селекцијата предводена од Благоја Милевски на 24. март ќе има тест меч со врсниците од Црна Гора, а четири дена подоцна, на 28. март ќе одигра контролна средба со Бугарија. Третиот тест натпревар како подготовка за настапот на ЕП во Полска ќе се игра на 4. јуни, а противник ни е Грузија

објавено: 1 февруари 2017 - 11:18

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ќе одигра два контролни натпревари на домашен терен во март, а противници ќе ни бидат Црна Гора и Бугарија. Селекцијата предводена од Благоја Милевски на 24. март ќе има тест меч со врсниците од Црна Гора, а четири дена подоцна, на 28. март ќе одигра контролна средба со Бугарија.

Третиот тест натпревар како подготовка за настапот на ЕП во Полска ќе се игра на 4. јуни, а противник ни е Грузија. Сите три дуели ќе се играат во Скопје.

„Ќе се обидеме на квалитетен начин да ги искористиме термините на Уефа за пријателски натпревари. На првиот контролен натпревар нашата нова генерација фудбалери, родени 1996/97 ќе им се спротивстават на црногорците, додека еден од главните тестови пред Европското првенство ќе ни биде натпреварот со Бугарија. На таа пресметка ќе воигруваме со репрезентативците на кои ќе сметам на првенството во Полска, изјави селекторот на Македонија до 21 година“, Благоја Милевски.

Македонија за првпат ќе игра на големо натпреварување, а подвигот го приредија момчињата на возраст до 21 година. Од 16. до 30. јуни нашата млада селекција ќе настапи на континенталниот шампионат на 12. најдобри селекции. Ние сме во Б групата во првата фаза со Шпанија, Србија и Португалија.

Најново во Фудбал