ЈАВНОСТА Е ШОКИРАНА ПО СЛАБИТЕ РЕЗУЛТАТИ НА НАШИТЕ НАДЕЖИ

Црвен аларм кај селекторите на младите репрезентации!

Нема криење, нема дилеми, селекторите Илиевски (У-21), Станиќ (У-18) и Вујовиќ (У-17) имаат слаби резултати во последно време со своите селекции. Време е нешто да се преземе

објавено: 19 септември 2018 - 12:07

Ако до пред извесно време се гордеевме со резултатите на нашите млади репрезентации, сега веќе не е така. Не така одамна У-21 играше на ЕП, додека У-19 и У-17 играа елитни квалификации, а сега не можеме да ја победиме една Ерменија и тоа на свој терен.

Имено јавноста е шокирана по слабите резултати на сите наши млади репрезентации и прстот го вперува во селекторите Добринко Илиевски (У-21), Горан Станиќ (У-18) и Марио Вујовиќ (У-17). Повеќе од јасно е дека тие се виновниците за тоа што се случува, посебно ако се знае дека истите тие ги имаат најдобрите можни услови за работа кои им ги овозможува Фудбалската Федерација на Македонија. И повеќе од јасно е дека треба нешто да се преземе. Тоа го бара нашата фудбалска јавност, потоа медиумите и сите оние кои се „врзани" вака или онака со мак - фудбалот.
Стандардите, по успесите во изминатите години, се подигнати и затоа очекувањата се високи. А Илиевски, Станиќ и Вујовиќ не може да ги достигнат.

Порази и по некое реми...

И не е проблем што немаме продукција на наследници на Елиф Елмас или Јани Атанасов во помладите селекции, туку проблемот е во лошите резултати. Ајде да тргнеме со ред. Добринко Илиевски како селектор на У-21 има пораз од Србија со 1:2 и катастрофално реми со Ерменија дома од 3:3. Не може да ја победи таа Ерменија која пред една година еден друг селектор ја совлада на нејзин терен со 3:0. Како тоа при водство од 3:1 во судиското продолжение примаме два гола.

Горан Станиќ и неговата селекција до 18. години дома одигра два меча со Полска. Еднаш загубивме со 0:1, потоа ремизиравме со 2:2, но двата наши голови ги постигнавме од пенал. Играта е за секаква критика и тука.
Марио Вујовиќ, кој ја предводи селекцијата до 17 година пред извесно време на Малта имаше ужасни резултати. Имено на три меча нашите надежи не успеаја да постигнат ниту еден гол, две ремија од по 0:0 и пораз од 0:1.
И ова треба некој да го замисли, со цел за да потоа не биде предоцна.

Кој си игра со Чурлинов!?

Уште еден факт дека некои работи кај селекторите и меѓу нив не се како што треба. Имено Дарко Чурлинов, еден од нашите најголеми бисери, место да игра во „неговата" селекција до 19 години каде што е капитен, тој е повикуван од Илиевски за онаа до 21. година. Тоа не е проблем, проблемот е што тој Илиевски не му дава минутажа на Чурлинов, кој против Србија и Ерменија влегуваше од клупата и имаше минорна минутажа. Значи некој си игра со Чурлинов кој има настапи и за нашата најдобра репрезентација. Имено тој е нашиот најмлад репрезентативец во А селекцијата во историјата.
Очигледно е дека време за „ремонт", со цел работите да не бидат уште полоши во блиска иднина.

Нема да има „тезгарења"!?

А дека не им е така лошо на овие селектори говори и спедниот податок. Имено дел од нив иако се селектори, работат и во Академијата на ФФМ како тренери. Значи си тераат „тезга", време е и околу тоа нешто да се преземе.

 

Најново во Фудбал