НАДЕЖИТЕ ДО 19. ГОДИНИ ДЕНЕСКА СЕ СРЕЌАВААТ СО ЧЕШКА

Да го изненадиме домаќинот

По ремито во првиот меч со Хрватска на стартот од квалификацискиот турнир, денеска момците на селекторот Горан Станковски играат против селекцијата на Чешка

објавено: 17 ноември 2018 - 13:30

Македонската репрезентација до 19. години, денеска од 17:00 часот го игра вториот натпревар од квалификацискиот турнир во Чешка, токму против домаќинот.

Откако во првото коло одигравме 1:1, против селекцијата на Хрватска, сега е ред да му се спротивставиме на главниот фаворит во нашата група. Чесите покрај тоа што се домаќини се и селекцијата која доаѓа од првиот квалитативен шешир што е секако податок за респект, но и нешто кое нас треба само да не мотивира. Кога можевме онака добро да и се спротивставиме на Хрватска, нема причина тоа да не биде така и овојпат.

ИГРАТА ПРОТИВ ХРВАТСКА ДА ЈА ПОВТОРИМЕ И ДЕНЕСКА

„Ние добро знаеме што можеме, веруваме во себе, во нашиот капацитет, и квалитет и нема од што да се плашиме. Покажавме дека можеме против Хрватска, која слободно може да кажеме дека се исзвлече на тој меч, требаше да ја победиме, а зошто тоа да не биде така и сега, против Чешка. Респект за домаќинот, но ние можеме да се носиме со сите" - велат од нашиот табор пред мечот со Чешка.

ДЕНЕСКА:
ХРВАТСКА – ЛУКСЕМБУРГ 14:00Ч.
ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА 17:00Ч.

 

 

Најново во Фудбал