У19 ГО ЗАПОЧНУВА ЕВРО КВАЛИФИКАЦИСКИОТ ТУРНИР ВО ЧЕШКА

Да отвориме со триумф против „коцкестите“

Македонскиот национален тим до 19. години има пред себе квалитетен противник, но далеку од тоа дека сме ние аутсајдери, имаме адути во своите редови.  По неколку месечни подготовки, пријателски средби, конечно денеска во малото градче Комериц, во Чешка, нашите фудбалски надежи ќе го стартуваат главниот настан.

објавено: 14 ноември 2018 - 11:00

Прв противник денеска од 14:00 часот е репрезентацијата на Хрватска која во оваа група е селекцијата која е доаѓа од вториот шешир. Во секој случај се работи за сериозен противник кој има задача пред себе за да освои прво место и да продолжи во елитната фаза. Таква задача имаме и ние, иако може слободно да се каже дека немавме среќа во ждрепката.

На сите ќе ни бидат во мислите минатогодишните збиднувања кога токму во оваа конкуренција бевме домаќини на квалификацискиот турнир, и токму со таа генерација го освоивме првото место на тој турнир па заминавме и во елитната рунда квалифиакции. Сепак, сега имаме првично нов селектор, и секако нова генерација за која сме сигурни дека е исто токлку талентирана и квалитетна како и претходната.

СТАНКОВСКИ: ИМАМЕ КВАЛИТЕТ ДА СЕ СПРОТИВСТАВИМЕ

Селекторот Горан Станковски во Чешка, го поведе најсилниот состав. Се што во моментов му беше на располагање, е дел од таборот на Македонија и подготвен за настап на овој турнир.

„Она што е најбитно за нас во моменто е што здравствениот билтен е добар. Ниту еден од репрезентативците не се жали на повреда. Што се однесува до самиот натпревар, сите знаеме дека не очекува тежок, силен натпревар. Хрватска располага со многу квалитетни играчи, познато ни е на сите каков технички дотеран фудбал играат, и какви фудбалски школи поседуваат. Се работи со младите играчи во Хрватска тоа сите го знаеме. Од друга страна пак, ве уверувам дека и ние имаме многу квалитет во нашите редови и ќе го докажеме тоа уште денеска на овој меч. Лично верувам во овие момци и сметам дека ќе се прикажеме во добро светло", вели селекторот на Македонската репрезентација до 19. години Горан Станковски.

КВАЛИФИКАЦИСКИ ТУРНИР ЗА ЕП ДО 19. ГОДИНИ
ПРВ НАТПРЕВАР: МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА

Стадион на СК Ханачка Славија Кромериц
Капацитет: 1500

Почеток: 14:00ч.
Главен судија: Кирил Левников (Русија) Помошници: Егор Болхоткин (Русија) Адам Хорак (Чешка)

Најново во Фудбал