Одиме на максимален учинок

Да се стави победнички печат за влез во елитата

Репрезентативците на возраст до 19 години ја завршија работата за пат во Елитната рунда, ги победија двете фаворизирани селекции, Швајцарија и Белгија, а денеска со триумф против аутсајдерот Лихтенштајн можеме до максимален учинок и победнички печат за влез во елитата

објавено: 14 ноември 2017 - 12:00

Репрезентативците на возраст до 19 години ја завршија работата за пат во Елитната рунда, ги победија двете фаворизирани селекции, Швајцарија и Белгија, а денеска со триумф против аутсајдерот Лихтенштајн можеме до максимален учинок и победнички печат за влез во елитата.

Лихтенштајн е без бодови и со гол-разлика 1:8, без шанси за пласман понатаму, а Македонија е веќе во втората фаза, во дел во кој 28 европски селекции дополнително ќе се борат за настап на ЕП.

Сепак победите се калкулираат и се мошне важни за рејтингот, па јунаците Чурлинов, Митровски, Атанасов, Тодоров и сите останати кои завршија лавовски дел од работата под команда на селекторот Вујадин Станојковиќ и денеска од 13 часот одат на победа против Лихтенштајн.

Во исто време на вториот терен на комплексот на ФФМ ќе се игра и вториот меч од завршната рунда по групи меѓу Белгија и Швајцарија.

Најново во Фудбал