Денеска од 14 до 15 часот

Ден за дружба со фудбалските херои

Младите фудбалски херои ги почнаа подготовките за двата тест натпревари со Црна Гора и Бугарија на 24. и на 28. март, а денеска од 14 до 15 часот ќе бидат подготвени да се дружат со фудбалските симпатизери во Македонија

објавено: 19 март 2017 - 11:55

Младите фудбалски херои ги почнаа подготовките за двата тест натпревари со Црна Гора и Бугарија на 24. и на 28. март, а денеска од 14 до 15 часот ќе бидат подготвени да се дружат со фудбалските симпатизери во Македонија. 

„Овие млади момчиња покажаа квалитет, карактер, истрајност и ги заслужуваат сите почести. Она што го направија никогаш нема да биде заборавено. Токму овие вредности и добрата атмосфера во репрезентацијата, ни овозможија да создадеме фудбалски дух и сплотеност, невидена досега во нашиот фудбал. И во Полска ќе одиме да победуваме, и се надеваме дека повторно ќе ги стоплиме срцата на сите луѓе во оваа наша убава земја", вели селекторот Благоја Милевски.

Денеска е ден за дружба со нив, а сите што се заинтересирани одблиску да ги запознаат спортските херои можат тоа да го сторат од 14 до 15 часот на терените на ФФМ, во населбата Аеродром во Скопје.

 

Најново во Фудбал