НАЈАВЕНО-РЕАЛИЗИРАНО

Елиф Елмас го одбра Фенербахче!

Досегашниот фудбалер на Работнички потпишал договор со турскиот гигант

објавено: 16 јули 2017 - 20:47

Досегашниот фудбалер на Работнички, Елиф Елмас потпиша договор со турскиот гигант Фенербахче. Тој одлучи да ја прифати понудата на „Фенер“, покрај многу други кои што стигнаа на негова адреса во овој летен преоден рок.

Инаку, договорот ќе стапи на сила, откако во септември Елмас ќе наполни 18 години, по што и ќе може да настапува во турското фудбалско првенство.

Претходно за македонсиот фудбалски  бисер се интересираа голем број европски клубови, меѓу кои и Галатасарај, Трабзонспор, Лас Палмас, Борусија Дортмунд, Бенфика, Базел, Клуб Бриж, Херенвен, со кој имаше и преддоговор.

Пред неполн час на својот Твитер профил Елмас објави: „Здраво, Фенербахче", што го потврдува неговиот избор и трансферот кој е пред конечна реализација.

Најново во Фудбал