Имаме одличен состав со многу квалитетни играчи до 19 години

Елмас, Чурлинов, Митревски... Македонија е моќна и сака пласман на ЕП

Вујадин Станојковиќ селекторот на македонската репрезентација за играчи до 19 години го објави списокот од 21 фудбалер за квалификациите во Елитната фаза на која сме домаќини, а конкуренти ќе ни бидат силната Англија, Унгарија и Летонија

објавено: 13 март 2018 - 14:02

Вујадин Станојковиќ селекторот на македонската репрезентација за играчи до 19 години го објави списокот од 21 фудбалер за квалификациите во Елитната фаза на која сме домаќини, а конкуренти ќе ни бидат силната Англија, Унгарија и Летонија.

Ќе не предводи бисерот на македонскиот фудбал и член на Фенербахче, Елиф Елмас, тука се и Чурлинов од Келн, Митревски од Спортинг Лисабон, Феруковски, Трајановски и уште дузина млади, но веќе прекалени борци, кои играат во реномирани клубови.

Главен конкурент за првото место на турнирот што ќе се игра од 21. до 27. март ќе ни бидат Англичаните, кои доминираат во младинските категории во последно време. Само победникот во групата ќе патува на ЕП.

Најново во Фудбал