ЧЛЕНОТ НА ФЕНЕРБАХЧЕ Е ЕДЕН ОД НАШИТЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ТАЛЕНТИ

Елмас: Да се игра покрај Пандев, Несторовски, Барди..е голема чест

Најмладиот член на македонската репрезентација, Елиф Елмас е презадоволен што се најде на списокот на Игор Ангеловски за дуелот против Израел. Членот на Фенербахче верува дека оваа селекција е иднината и дека тоа ќе го покажат токму во Хаифа. 

објавено: 31 август 2017 - 20:39

Од Хаифа, Зоран Поповски

Најмладиот член на македонската репрезентација, Елиф Елмас е презадоволен што се најде на списокот на Игор Ангеловски за дуелот против Израел. Членот на Фенербахче верува дека оваа селекција е иднината и дека тоа ќе го покажат токму во Хаифа.

„Мора да кажам најпрво дека ми е чест што повторно добивам повик од А репрезентацијата. Не знаев дали ќе бидам со младите или со сениорите, но задоволство ми е што селекторот Ангеловски смета на мене.

Да се игра покрај Пандев, Несторовски, Барди, Алиоски и останатите е голема чест. Оваа селекција има иднина, посакуваме тоа да го покажеме и против Израел. Ќе биде тежок меч, но подготвени сме за предизвикот. Ако добиjам шанса, секако ќе се потрудам да ја искористам зошто овој дрес многу значи за мене", изјави Елиф Елмас.

Најново во Фудбал