ГО ПРОПУШТИ ЛИХТЕНШТАЈН, СЕ ВРАЌА ЗА ДУЕЛОТ СО ГИБРАЛТАР

Елмас: Македонија допрва ќе слави големи победи!

Не настапи на дуелот против Лихтенштајн во Вадуц, поради црвениот картон во Ереван против Ерменија.

објавено: 18 ноември 2018 - 13:30

Но, се враќа за последниот важен натпревар во УЕФА Лигата на нации против Гибралтар (понеделник, 20:45 ч., Филип Втори Арена, Скопје) и освојување на првото место во групата 4 од Лигата „Д".

Фудбалерот на Фенербахче вели дека има што да каже оваа репрезентации во ова натпреварување и позитивно размислува околу иднината на македонската А селекција.

„Македонија созрева со секој следен натпревар. Со Македонија допрва ќе славиме големи победи", се зборовите на нашиот репрезентативец, Елиф Елмас.

Елмас со У21 селекцијата веќе има почувствувано како е да се биде на едно Европско првенство, а сега се надева дека и со сениорите ќе се обезбеди историски настап на ЕУРО 2020.

Најново во Фудбал