НАЈМЛАДИОТ СО НАЈГОЛЕМА ВЕРБА

ЕЛМАС: Македонија има сили за Европско, тоа ќе го оствариме следниот циклус

Најмладиот член на нашата најдобра репрезентација, Елиф Елмас уште подобри денови во фудблаот. Играчот на Фенербахче верува дека Македонија веќе следниот квалификациски циклус може да се избори за пласман на Европското првенство.

објавено: 10 октомври 2017 - 08:03

Најмладиот член на нашата најдобра репрезентација, Елиф Елмас уште подобри денови во фудблаот. Играчот на Фенербахче верува дека Македонија веќе следниот квалификациски циклус може да се избори за пласман на Европското првенство.

„Задоволен сум што победивме. Имаме одличен циклус, се покажа дека младоста и искуството се добитна комбинација. Ние младите придонесовме многу повеќе од она што се очекуваше, со Пандев во составот се е полесно. Се надевам во иднина ќе забележиме добри резултати и јас како најмлад фудбалер верувам дека следниот циклус ќе се пласираме на Европско првенство.
Задоволен сум од мојата игра и се надевам дека ќе имам уште настапи за оваа репрезентација. Мислам дека можеме следниот циклус и јас како најмлад верувам во тоа дека можеме да се пласираме на следното Европско првенство“, изјави по мечот Елиф Елмас. 

Најново во Фудбал