ТВОРЕЦОТ НА ПОБЕДА ЈА НАПУШТИ РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Елмас: Многу ми е жал што нема да играм

Во составот за дуелот против Албанија, задутре во Струмица ќе го немаме Елиф Елмас поради парни жолти картони. 

објавено: 3 септември 2017 - 16:00

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски за дуелот со Албанија закажан за вторник (20:45 часот) во составот ќе го нема Елиф Елмас. Поради парни жолти картони, најмладиот фудбалер во нашиот национален тим и еден од јунаците во победата над Израел во Хаифа, нема право на настап.

По слетувањето на нашиот аеродром, Елмас ја напушти репрезентацијата, тој останува во Скопје, но како што најави во вторник ќе биде на трибините на стадионот „Младост“.

„Многу ми е жал што нема да играм против Албанија. Но, во вторник ќе дојдам во Струмица да ја бодрам репрезентацијата“, изјави Елиф Елмас. Благодарение на неговата асистенција, Горан Пандев изведе вистинско фудбалско ремек-дело за победа над Македонија од 1:0 во Хаифа.

 

 

Најново во Фудбал