КАПИТЕНОТ СЕ ОГЛАСИ НА „ИНСТАГРАМ“

Ереван ни донесе болка, но остануваме „Фамилија“! (ФОТО)

Македонската А репрезентација го претрпе првиот пораз во УЕФА Лигата на нации синоќа во Ереван убедливо со 4:0 од Ерменија.

објавено: 17 октомври 2018 - 09:53

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски се свесни дека и покрај тоа што загубија високо во Ереван сепак не е нарушена атмосферата и дека и понатаму ќе се борат за крајната цел.

После мечот на својот „Инстаграм" профил се огласи најискусниот, капитенот на националната селекција Горан Пандев со заедничка слика со дел од репрезентативците.

Се огласи со зборовите „Семејство", тоа што ја краси оваа репрезентација поминувајќи низ добри и лоши моменти.

На оваа фотографија покрај Пандев се наоѓаат уште Николов, Трајковски, Шишковски, Митов-Нилсон, Димитриевски, Зајков, Несторовски.

Најново во Фудбал