НАШИОТ ГЛАВЕН РИВАЛ ВО УЕФА ЛИГАТА НА НАЦИИ

Ерменија има нов селектор, со Барсегјан ќе ја напаѓа Македонија!

После неодамнешното заминување на Вардан Минасјан од селекторската клупа, денеск ерменската фудбалска репрезентација промовираше нов предводник пред продолжението и настапите во УЕФА Лигата на нации овој месец.

објавено: 7 октомври 2018 - 20:00

Нов селектор на Ерменија е Армен Гјулбудахјантс, 51-годишниот стратег кој претходно ги имаше водено селекциите на Ерменија до 19 и 21 година.

Во делот на тренерската кариера беше на клупата на Банантс, Пјуник, Импулс, Алашкерт, Гол Похар и Падидех. Според тамошната фудбалска федерација ова било најдоброто решение за селектор и преговорите се водеше во изминатите две недели.

Исто така федерацијата откри дека преговарала и со италијанските тренери Џани де Бјази и Делио Роси.

Тој ќе ги води сениорите во следните два меча од Лигата „Д" против Гибралтар на 13. октомври и три дена подоцна во Ереван против Македонија со почеток од 18:00 часот.

Веднаш по назначувањето на новиот селектор на Ерменија, објавен е и списокот од 25 имиња за дуелите против Гибралтар и Ерменија.

Составот на Ерменија -

Голмани: Арсен Бегларјан (Лиепаја, Летонија), Арам Ајрапетјан (Банантс), Анатоли Ајвазов (Банантс)

Одбрана: Вараздат Харојан (Урал, Русија), Хофханес Хамбардзумјан (Енозис Паралими, Кипар), Камо Ховханисјан (Жетису, Казахстан), Храјр Мкојан (Алашкерт), Тарон Восканјан (Алашкерт), Артус Кардашјан (Пјуник).

Среден ред: Хенрик Мхитарјан (Арсенал Англија), Иван Јаган (Еупен, Белгија), Геворг Газарјан (Чавиш, Португалија), Маркос Пицели (Актобе, Казахстан), Артак Једигарјан (Алашкерт), Артак Григорјан (Алашкерт), Карлен Мкртчјан (Пјуник), Румјан Ховсепјан (Пјуник), Петрос Аветисјан (Пјуник), Гор Малакјан (Арарат Е.)

Напад: Саргис Адамјан (Јан Регенсбург, Германија), Тигран Барсегјан (Вардар, Македонија), Артур Саркисов (Јенисеј, Русија), Јура Мовсисјан (Чикаго Фајр, САД)

Најново во Фудбал