СЕ ИСПЛАТИ СИОТ НАЛЕТ НА ДОМАЌИНИТЕ ОД СТАРТОТ

Ерменија води 1:0, голема грешка на Столе Димитриевски! (ВИДЕО)

Во негатива се најде македонската најдобра фудбалска репрезентаација во Ереван, Ерменија уште во 12. минута поведе со голот на Маркос Пизели.

објавено: 16 октомври 2018 - 18:24

Целосно резервирани нашите најдобри играчи, како сеуште да се аклиматизираа на теренот, а домаќините после шокот што го доживеаја претходно од Гибралтар, пред своите гледачи имаа намера да го поправат впечатокот.

Сиот налет уште од самиот старт им се исплати, опасно кружеше топката околу нашиот гол, Ерменија успеа да дојде до позитива благодарение на играчот со бразилско потекло.

Еден силен и незгоден удар упати Пизели, одеше таа топка право во рацете на нашиот чувар на мрежата, но невнимателно реагираше, од неговите раце заврши во неговиот гол.

Најново во Фудбал