Гостите многу подобри и ги заслужија бодовите

Европското првенство е само сон, на јаве не декласира Австрија со 4:0

Младата македонска репрезентација за фудбалери до 21 година ги загуби сите шанси за пласман на Европското првенство во Италија и Сан Марино за две години, по денешниот убедлив пораз од Австрија со 0:4

објавено: 14 ноември 2017 - 14:48

Младата македонска репрезентација за фудбалери до 21 година ги загуби сите шанси за пласман на Европското првенство во Италија и Сан Марино за две години, по денешниот убедлив пораз од Австрија со 0:4.

Серијалот порази продолжи и на „Филип Втори“ арената, а гостите од Австрија беа многу шподобри и заслужено се пробија на третото место со 9 бода во седмата квалификациска група. Мечот беше решен уште по првиот дел, кога со головите на Јакуповиќ на Хонсак и на Лајмер Австријците веќе водеа со 3:0.

Јакуповиќ не дотолчи со нов гол во 54. минута, а колку не ни одеше се потврди во 85. минута. По стартот на Баумгартнер над Георгиев беше досуден пенал, но и тоа не беше доволно за гол. Бесир Исени упати удар кон левиот агол, а голманот Гартлер одбрани. Македонија остана без гол и по цели 270 минути игра, откако претходно не успеавме да ја затресеме мрежата и на Србија и на Гибралтар.

Македонија со 3 бода од 5 меча останана дното на табелата со ист број на бодови како и Гибралтар, со два меча помалку од нив, но и со пораз во меѓусебниот дуел.

Најново во Фудбал