КВАЛИФИКАЦИИТЕ ОД ЕЛИТНАТА ГРУПА СЕ ИГРААТ КАЈ НАС

ФФМ ја доби битката со Англија: Скопје ќе биде домаќин на У19

Фудбалската федерација на Македонија повторно се избори да го организира елитниот турнир на репрезентација У19 години од квалификациите за ЕП 2018 во Финска. 

објавено: 6 декември 2017 - 12:06

Македонската репрезентација ги има сите предуслови за да направи историскиот подвиг. ФФМ повторно се избори да ја доби организацијата за елитниот турнир од квалификациите за пласман на Европското првенство кое до година ќе се одржи во Финска.

Во битката за организација на нашата група 2 влегла и Англија. Македонија за противници покрај Англија ќе ги има селекциите на Унгарија и Летонија.  

Оваа генерација веќе имаше еден успешен настап во Скопје. Во квалификациите избраниците на селекторот, Вујадин Станојковиќ завршија како првопласирани во група со Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн.

Дуелите ќе се играат на комплексот „Петар Милошевски“, а квалификациите ќе се играат на почеток на мај, бидејќи до 20 истиот месец мора да бидат завршени. Само најдобрите од сите седум групи ќе бидат дел од завршницата на Европското првенство кое ќе биде во Финска, од 16 до 29 јули.

Најново во Фудбал