НАШАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НЕ „МРДНА“ МЕСЕЦОВ

ФИФА ЛИСТА: Македонија остана на 77. место

Нашата селекција остана на местото на кое што беше минатото коло

објавено: 17 мај 2018 - 10:34

Македонската репрезентација остана на 77. место на ФИФА листата во овој месец. Со оглед дека немаше натпревари периодов, очекувано беше Македонија да не „мрдне“ од оваа позиција. 

Македонија има во моментов 422 поени, а напредок може да забележи доколку играме контролна средба овој месец. 

Немаше никакви поместувања ниту во првите 47. позиции. Германија остана и натаму прво место, а Бразил е втор. ФИФА рејтингот ќе претрпи сериозни измени после Светското првенство во Русија. 

Најново во Фудбал