Гостите ни дојдоа, утре ќе се игра, ама каде

Финците се навикнати на снег, се бара терен во Скопје за пријателскиот меч

Снегот е проблем за фудбалот во Македонија, а сега проблем со нас имаат и Финците. Репрезентацијата на оваа земја за играчи до 19 години пристигна во Скопје, но се уште не се знае на кој терен ќе играме со нив, утре од 14 часот

објавено: 26 февруари 2018 - 13:29

Снегот е проблем за фудбалот во Македонија, а сега проблем со нас имаат и Финците. Репрезентацијата на оваа земја за играчи до 19 години пристигна во Скопје, но се уште не се знае на кој терен ќе играме со нив, утре од 14 часот.

Планот е пријателскиот меч да се игра на теренот на комплексот на ФФМ во Аеродром, но се зависи од временските услови. Снегот прави проблем, па можно е да има преселба на теренот во населбата Аеродром. Натпреварот сигурно ќе се игра и ќе ни послужи како подготовка за настап во Елитната фаза квалификации на која сме домаќини. Со Финците ќе играме уште еден меч на први март, повторно во Скопје.

 

 

Најново во Фудбал