Ги декласиравме гостите, но загубивме значаен играч

Фино ни беше со Финска до повредата на Тодоров - Македонија победи со 5:0

Фино ни беше со Финска на пријателскиот меч што Македонија го доби со 5:0, но само до моментот кога се повреди Миле Тодоров. Младиот репрезентативец веројатно има скршеница на ногата, што е голем удар за нас, пред настапот во Елитната фаза во квалификациите за пласман на ЕП

објавено: 27 февруари 2018 - 15:07

Фино ни беше со Финска на пријателскиот меч што Македонија го доби со 5:0, но само до моментот кога се повреди Миле Тодоров. Младиот репрезентативец веројатно има скршеница на ногата, што е голем удар за нас, пред настапот во Елитната фаза во квалификациите за пласман на ЕП.

Фудбалски ја декласиравме Финска, селекција со која ќе играме уште еден пријателски меч за фудбалери до 19 години.

Филип Стојчевски со гол во 15. минута ја најави убедливата победа, а потоа свој печат ставија Јани Атанасов со погодок од пенал во 52. минута и најдобриот играч на теренот, Бојан Колевски со хет-трик. Играчот на Вардар беше прецизен во 54., 58. и 89. минута.

Во март ќе ги играме квалификациите во Елитната фаза, а почнуваме со Летонија на 21. Во Скопје гости ќе ни бидат и Унгарија, селекција со која ќе ги одмериме силите три дена подоцна и главнито фаворит Англија за завршница на турнирот, на 27. март.

Најново во Фудбал