ПОСЛЕ ЗАВРШУВАЊЕТО НА МУНДИЈАЛОТ ОБЈАВЕН Е НОВИОТ РАНКИНГ

Франција нов лидер, Македонија напредуваше на ФИФА ранг листата!

По подолго време, а и главната причина беше одржувањето на Светското првенство во Русија, денеска е објавена најновата ФИФА ранг листа.

објавено: 16 август 2018 - 10:21

Имаме нов лидер, станува збор за репрезентацијата на Франција која ја освои светската титула на Мундијалот, откако во финалето со 4:2 ја совлада Хрватска.

„Триколорите" напредуваа за шест позиции и моментно се на првото место со 1726. поени. Финалистот од СП, Хрватска се најде во Топ 10, скокнаа „коцкестите" за 16. места за моментно четврто место со 1643. поени.

Македонија напредуваше за една позиција на ФИФА ранг листата и моментно е на делба на 70. место со 1336. поени заедно со Саудиска Арабија.

Следните настапи нашата најдобра селекција ќе ги има наредниот месец во УЕФА Лига на нациите, односно на 6. септември е првиот меч на гости кај Гибралтар (195. место).

ТОП 10 ФИФА ранг листа:

1.Франција 1726 поени
2.Белгија 1723
3.Бразил 1657
4.Хрватска 1643
5.Уругвај 1627
6.Англија 1615
7.Португалија 1599
8.Швајцарија 1597
9.Шпанија 1580
-Данска 1580

Најново во Фудбал