Утре почнува одисејата на нашите таленти до 19 години

Француско-украински квартет ќе ја дели правдата на премиерата против Летонија

Францускиот судија Карим Абед ќе ја дели правдата на премиерата од турнирот во Скопје и мечот меѓу Македонија и Летонија, мошне важен за евентуален пласман на нашите таленти на ЕП

објавено: 20 март 2018 - 10:30

Францускиот судија Карим Абед ќе ја дели правдата на премиерата од турнирот во Скопје и мечот меѓу Македонија и Летонија, мошне важен за евентуален пласман на нашите таленти на ЕП.

Во конкуренција на 4 репрезентации, почнуваме со Летонците, утре од 14 часот на комплексот на ФФМ, а на Абед како помошници ќе му асистираат неговуиот сонародник Мехди Рахмуни и Украинецот Виктор Матјаш.

Четвртиот судија Јарослав Козјук исто така е од Украина.

Турнирот ќе се игра комплетно во Скопје, ќе учествуваат и актуелниот европски првак Англија и Унгарија, а само победникот ќе патува на ЕП во Финска од 16. до 29 јули оваа година.

Најново во Фудбал