НЕМА ПРОМЕНИ НА СВЕТСКОТО РАНГИРАЊЕ ЗА НАС

Фудбалерите останаа на 162. место на ФИФА листата

Друштво на „црвено-жолтите“ им прават селекциите на Малезија и Белизе

објавено: 12 јануари 2017 - 11:28

Македонската фудбалска репрезентација остана на 162 место на најновото рангирање на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Во периодот кога не одигра ниту еден меч, Македонија остана на 142 бодови, во друштво на Малезија и Белизе.

Пред нас се селекции како Аруба, Мјанмар, Кинески Тајпеј, Афганистан... На врвот на листата нема промени. Аргентина е прва со 1.634 бодови, пред Бразил 1.544 и Германија со 1.433 бодови. Во Топ-10 има место и за Чиле, Белгија, Колумбија, Франција, Португалија, Уругвај и Шпанија.  

Најново во Фудбал