Џорџо ќе има дуели со нашите напаѓачи од Серија А и Б

Ги цени нашите „Италијанци“ - Кјелини: Не е само Пандев, опасни се и Несторовски и Трајковски, а Македонија има одлични офанзивци

Џорџо Кјелини се враќа во составот на Италија, а со него селекторот на „аѕурите“ Џампјеро Вентура може и да ја смени стандардната формација 4-2-4 во 3-4-3, која е и најавена за утрешниот меч. „Не играв во Скопје, но секако дека го познавам Пандев и не е само тој опасен кај гостите. Тука се и Несторовски и Трајковски. Имаат одлични офанзивци“, вели столбот на одбраната на Јувентус и на Италија

објавено: 5 октомври 2017 - 18:57

Џорџо Кјелини се враќа во составот на Италија, а со него селекторот на „аѕурите" Џампјеро Вентура може и да ја смени стандардната формација 4-2-4 во 3-4-3, која е и најавена за утрешниот меч.

„Не играв во Скопје, но секако дека го познавам Пандев и не е само тој опасен кај гостите. Тука се и Несторовски и Трајковски. Имаат одлични офанзивци", вели столбот на одбраната на Јувентус и на Италија. Очекував прашање за Бонучи и можам да ви кажам дека мојот однос кон него не се сменил, иамко сега не играме за ист клуб, за Јувентус. Одлично се познаваме и нема да имаме никаков проблем во репрезентацијата“, одговори стоперот на Јуве и на „аѕурите“.

Тој не играше на првиот меч во Скопје, а сега во формацијата 3-4-3, италијанската одбрана со него сепак изгледа постабилна и посилна. Триото дефанзивци позади, Кјелини, Бонучи и Барѕаљи, играше долго време заедно во Јувентус и утре веројатно ќе бидат трите столба на одбраната на Италија против Македонија.

Македонските напаѓачи предводени од италијанското трио Пандев-Несторовски и Трајковски, потпомогнати од соиграчите ќе се обидат да ја повторат играта од Скопје и пак да ја затресат мрежата на Буфон, ако што двапати го сторија тоа на 9. октомври, лани.

 

 

Најново во Фудбал