НАШИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН КАПИТЕН И ВО ДРУГА „УЛОГА“

Горан Пандев - амбасадор на Супер Куп финалето

Фудбалерот на Џенова доби осовбено признание од страна на Фудбалската федерација на Македонија

објавено: 19 март 2017 - 11:39

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на 20. март (понеделник) во 12. часот ќе организира прес - конференција по повод официјалното претставување на Горан Пандев за амбасадор на УЕФА Супер Куп финалето - СКОПЈЕ 2017.

Во рамки на утрешната прес конференција, свое обраќање ќе имаат претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски, амбасадорот на УЕФА Супер Куп финалето - СКОПЈЕ 2017, Горан Пандев, секретарот на град Скопје Марјанчо Тодоровски и директорот на Националната арена „Филип Втори" Цветко Грозданов.

Најново во Фудбал