НЕМА НАДЕЖ ЗА НАСТАП ВО ВАДУЦ ЗА ДВОЕЦОТ ОД ШКЕНДИЈА

Хасани и Бејтулаи дефинитивно отпаднаа во операцијата да се освои Лихтенштајн

Ферхан Хасани и Егзон Бејтулаи и дефинитивно нема да патуваат за Вадуц, во обидот Македонија да ја забележи првата квалификациска победа во дуелот со домаќинот Лихтенштајн

објавено: 19 март 2017 - 13:12

Ферхан Хасани и Егзон Бејтулаи и дефинитивно нема да патуваат за Вадуц, во обидот Македонија да ја забележи првата квалификациска победа во дуелот со домаќинот Лихтенштајн. Дуото од Шкендија ќе мора да мирува по повредите во првенствените натпревари, а на нивно место се повикани Стефан Спировски од Вардар и Кристијан Тошевски од Пелистер.

Спировски има настапи за А селекцијата, но и тој е неизвесен, бидејќи се чека дозвола од УЕФА за лонгетата што ја носи на десната рака. Тошевски е член на младинската репрезентација на Македонија, што ќе настапи на ЕП во Полска, а сега м,оже и да дебитира во квалирфикациски меч за А селекцијата.

Најново во Фудбал